Аерозагадување: Активистите бараат акција, не само козметички мерки кои делумно ќе имаат ефект

фото: Слободен печат

Еко-активистите реагираат дека надлежните институции доцнат со почнување на постапките за замена на нееколошки начини за греење во домаќинства во најзагадените градови, но и со преземањето на конкретни активности за реализација на мерките против загадувањето кои и досега се планираа. Како проблем го посочуваат и тоа што континуирано „зелените површини“ наместо да се заштитат со закон тие се уништуваат и узурпираат. Овие реакции следуваат откако Владата најави нови мерки со кои планира да се намали загадувањето.

Според предложените мерки за намалувањето на загаденоста, ќе се субвенционира заменување на печките на дрва со инвертер клими, пренамена на системите за затоплување на јавните институции, градинки и училишта, болници.

Од „О2 Иницијатива“ во врска со најавените мерки од страна на Макрадули објавија свој став на нивната „Фејсбук“ страна.

– Не е реализирано ништо од планираното во роковите. За замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинства во најзагадените градови нема ниту јавен повик, ниту јавна набавка. Не се објавени јавни набавки за зелени урбани површини, за енергетска ефикасност, за прочистувачи, до каде е и со кои средства инсталирањето на филтри во малите и средни претпријатија, особено во оние од дрвна дејност, исто нема никакви податоци. Крајно поразително и срамно – истакнаа од „О2 Иницијатива“ за „Слободен печат“.

Заменик-министерот за екологија, Јани Mакрадули, завчера на прес конференција соопшти дека се обезбедени 30-тина филтри за компаниите, мали по обем во Полошкиот регион.

– Во врска со новите мерки претставени од страна на Макрадули, сметаме дека некои од нив се многу добри и ќе придонесат кон подобрување на квалитетот на воздухот, а некои пак остануваат само козметички мерки кои делумно ќе имаат ефект. На пример, нашата иницијатива за поставување филтри на фабриките за производство на мебел во Полошкиот Регион ќе имаат подобар ефект, поради тоа што овие претпријатија кои вработуваат десетици работници (секоја од нив) и за греење во зимскиот период користат различни материјали кои им остануваат од нивнто производство. Тоа ќе придонесе за намалување на загадувањето особено кога имаме в предвид дека овие претпријатија имаат капацитет на греење повеќе од неколку илјади домаќинства. Што се однесува кон зелените површини, сметаме дека тие треба да се бранат со закон, и да не се дозволува нивното пренаменување во паркинг за новите згради, која се води како честа пракса во Тетовско. Исто така субвенционирањето на инвертори за креирање на т.н. „зелени зони“ во градот е добра иницијатива, но кога имаме в предвид дека инверторите работат на струја, а во земјата струјата се произведува од јаглен (особено во Битола), тоа значи дека ќе има уште повеќе загадување во Битолскиот регион – велат од „Еко Герила Македонија“ за „Слободен печат“.

СЕ ОТРУВМЕ, МЕРНИТЕ СТАНИЦИ НЕ РАБОТАТ: Инверторите нема да го исчистат воздухот (АНКЕТА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот