Аеродромот во Скопје со ВАЖНО соопштение за патниците на Виз Ер

На Фејсбук страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, објавен е статус, преку кој е пренесено важно соопштение за патниците на Виз Ер.

Во соопштението, патниците се известуваат дека поради оперативни причини шалтерите за регистрација се затвараат точно еден час пред времето на полетување.

Прочитајте го целото соопштение:

„Почитувани,

Поради оперативни причини шалтерите за регистрација се затвораат точно 60 минути пред времето на полетување на Вашиот лет до/од Меѓународниот Аеродром Скопје.

Поради тоа, Ве молиме планирајте да пристигнете на Аеродромот соодветно, за да имате доволно време за регистрација и/или за пријавување на багажот.

По регистрацијата, веднаш продолжете кон пунктовите за безбедносна проверка.

На Портите (Gates) задолжително е да сте присутни и подготвени за влегување во авион не подоцна од 30 минути пред закажаното време на полетување.

Со цел поефикасна проверка, на Портите (Gates) бидете сигурни дека патната исправа Ви е подготвена за да ја приложите.

Ве молиме имајте предвид дека Wizz Air има строга политика во однос на дозволениот рачен багаж. Не можеме да гарантираме дека сите парчиња рачен багаж ќе бидат сместени во патничката кабина на авионот. Кога ќе се достигне максималниот број на парчиња багаж во кабината на авионот, заради Ваша удобност и со цел авионот навреме да полета, Вашиот багаж може да биде сместен во одделот за багаж на авионот.

Доколку не се појавите навреме за влегување во авионот, Вашите пријавени парчиња багаж ќе бидат истоварени, а авионот ќе полета без вас“, пишува во соопштението на Фејсбук на Меѓународниот аеродром Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот