Аеродромци денеска на протест против проширувањето на улицата Васко Карангелески

Еко-активисти и граѓани од Општина Аеродром со поддршка на „Зелен хуман град“ денеска најавуваат дека во 17 часот на улицата Васко Карангелески ќе организираат мирен протест на кој уште еднаш како што велат ќе побараат од надлежните да се стопира проширувањето на улицата.
Од „Зелен хуман град“ велат дека итно бараат од Град Скопје улицата да не биде претворена во уште еден булевар.

– Не е прифатливо проширување на улицата на 4 ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени на булевар со 4 ленти. Не е прифатливо да се изгуби огромен појас на зеленило каде што локалците наместо да се движат по зелена патека ќе треба да се движат по асфалт со издувни гасови од густ сообраќај. Не е прифатливо да се пресадуваат дрвја кои имаат многу мали шанси да преживеат – стои во објавата на Зелен хуман град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот