-2 C
Скопје

Аеродром ќе гради нова општинска зграда, другите општини сѐ уште во старите објекти

Реонскиот центар во Аеродром е локацијата на која наскоро, според најавите,  ќе започне изградбата на новата административна зграда на Општина Аеродром. За таа цел, оваа скопска општина деновиве објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение.

– Предвидено е општинската зграда да се гради во Реонски центар – Аеродром, поточно на аголот меѓу булевар „Србија“ и булевар „Видое Смилевски-Бато“. Во тек е меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна зградата, по што ќе се премине во втората фаза од реализацијата на овој проект – велат од Општина Аеродром.

Оттаму објаснуваат дека со изградбата на општинската зграда ќе се создаде можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализираат издатоците од буџетот на Општината. 

– Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бара да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност – информираат од Општина Аеродром.

Прочитајте и...  Почина хрватскиот амбасадор во Франција

Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица од областа на архитектурата, а крајниот рок за предавање на трудовите е 1 март. Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за нова општинска зграда, и тоа 300.000, 100.000 и 50.000 денари. Сепак, надлежните од оваа скопска општина, не прецизираат кога точно ќе биде завршена изградбата на општинската зграда и конечно селење на општинската администрација во новиот објект.

Иако во моментов само Општина Аеродром работи на реализација на проектот за изградба на нова општинска зграда, сепак и останатите скопски општини настојуваат да ги подобрат условите за работа на вработените.

Работна група од Општина Карпош во моментов прави проверка на целата документација во врска со општинската зграда која започна да се гради за време на претходната општинска администрација.

Прочитајте и...  Камала Харис поднесе оставка од своето пратеничко место во Сенатот

– Во врска со изградбата на општинската зграда, Државниот завод за ревизија во својот редовен извештај за материјално-финансиското работење на Општина Карпош констатираше дека новата општинска зграда е изградена спротивно на избраниот проект и одобрението за градење. Како Општина Карпош формиравме работна група од стручните служби (од Секторот за урбанизам), кои во моментов прават проверка на целата документација во врска со општинската зграда, со цел можно откочување на процесот – информираат од Општина Карпош.

Оттаму велат дека, во оваа фаза во која е изграден објектот, сè уште не може да се посочи колку средства ќе бидат потребни за нејзино завршување. Олеснителна околност за карпошани е и тоа што, во моментов, од касата на оваа скопска општина не се издвојуваат финансиски средства за закупнина на работниот простор бидејќи Општина Карпош не плаќа закупнина (кирија) за користењето на постојните општински бараки и простории.

Прочитајте и...  Навални од притвор повикува на протести: Не плашете се, излезете на улица, излезете за себе и за својата иднина

Од скопската Општина Кисела Вода, пак, велат дека иако и тие во моментов не плаќаат кирија за просториите кои во моментов ги користи општинската администрација, сепак во иднина планираат  изградба на нова општинска зграда.

– Во иднина е планирана изградба на нова општинска зграда. Во моментов, Општина Кисела Вода не плаќа надоместок за користењето на општинските канцеларии, затоа што тие се во нејзина сопственост, а дел од општинските канцеларии ги користат и други државни институции – информираат од Кисела Вода.

Од Општина Центар, пак, велат дека во моментов на планираат изградба на нова општинска зграда и потсетуваат дека тие не плаќаат кирија за користење на општински канцеларии бидејќи бараките во кои се наоѓа општинската администрација се во сопственост на општината.

Поврзани вести

Песков: Блокирањето на профилите на Трамп е лекција за целиот свет

Слободен печат

Хаварисаните возила во Центар ќе одат во старо железо

Навални од притвор повикува на протести: Не плашете се, излезете на улица, излезете за себе и за својата иднина

Слободен печат

Полициски час, задолжителна работа од дома, носење ФФП2 маски се дел од новите мерки во Германија

Слободен печат

Затворен угостителски објект во Боговиње поради непочитување на ковид мерките

Слободен печат

ЕУ со нова надеж за вакцини за земјите од Западен Балкан

Слободен печат

Остави Коментар