Аеродром, Карпош и Центар имаат најмногу случаи на коронавирус во Скопје

Скопје, лето 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Најновите податоци што вечерва ги објави Министерството за здравство покажуваат дека Скопје останува град со најголем број на активни случаи на ковид-19 од кои најмногу има во Аеродром, Карпош и Центар.

Во Аеродром се регистрирани 699 активни случаи, во Карпош 547 и во Центар 519. Потоа следуваат Гази Баба со 450 и Кисела Вода со 417 активни случаи.

Трицифрени бројки на активни случаи има и во Ѓорче Петров – 286, Чаир -166 и Бутел -152. Во останатите скопски општини е помал бројот на активни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот