АЕК: Намален бројот на претплатници во мобилната телефонија во вториот квартал

Заклучно со вториот квартал годинава во државава имало 1. 777.194 активни претплатници во мобилната телефонија. Од нив  259.463 се деловни постпејд линии, додека кај резиденцијалните 851.325 претплатници се постпејд, а 666.406 припејд.

Во однос на првиот квартал годинава бројот на претплатници во мобилната телефонија е намален за 120.214, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Во вкупниот број активни претплатници телекомуникацискиот оператор А1Македонија има удел од 51.27 проценти, Македонски телеком од 45,96 проценти, Лајкамобајл од 1.76 проценти, а Роби од  еден процент.  Македонски телеком со 50,48 проценти  има најголем удел во приходи од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во вториот квартал годинава, додека уделот по тој основ на А1 Македонија изнесува 45,11 проценти, на Лајкамобајл 0,59 проценти, на Роби  0,82 проценти.

Прочитајте и...  Џен Псаки ќе биде портпарол на Белата куќа во администрацијата на Бајден

Во тек на април, мај и јуни годинава преку мрежите на мобилните оператори се остварени 1. 452.425.039 минути разговор, од кои кон мрежи во странски држави 2.898.142 минути, а 470.712 минути реализирале претплатници на домашен оператор кои роамирале надвор од државата.

Податоците на АЕК покажуваат и дека заклучно со вториот квартал во државава се регистрирани 1. 256.615 претплатници  на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа.  Во уделот на активни претлатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа, А1 Македонија учествува со 52,25 проценти, Македонски телеком со 45,3 проценти, Роби со 1,41 проценти , а Лајкамобајл со 1,04 проценти.  Во вкупната количина на сообраќај остварен од активните претплатници со пристап до интернет преку мобилна мрежа во второто тримесечие годинава Македонски телеком има удел од 49,48 проценти, А1 Македонија од 48,65 проценти, Роби од 1,37 проценти, а Лајкамобајл од 0,50 проценти.

Прочитајте и...  Полицајката која стана позната по инцидетот со функционерот на ДУИ си даде оставка: Ми нанесоа неправди во МВР

Во најновата информација на АЕК за состојбата на пазарот на електронски информации е наведено и дека на крајот на јуни годинава во државава имало 403.715 фиксни линии, а во тој квартал биле направени 41.917.822 минути разговор, од  кои 767.511 кон мрежи во странски држави.  Во однос на првиот квартал  во вториот квартал годинава има зголемување од 1.175 кај бројот на фиксни линии.

 

Поврзани вести

ВИДЕО | Милошоски: Одброени се деновите на Заев, ги обедини граѓаните против него

Слободен печат

Турција воведува полициски час и целосно „заклучување” за викенд

И.И.

ЦУК предлага Собранието да ја продолжи кризната состојба

Слободен печат

Хенкок: Во Англија повторно го држиме вирусот под контрола

И.И.

ВМРО-ДПМНЕ: Дефокусот на СДСМ од прашањето за што преговара Заев со Софија нема да успее

Слободен печат

Првиот човек на Католичката црква во Албанија, монсињор Френдо ја доби битката со Ковид-19

И.И.

Остави Коментар

MacedonianAlbanian