АЕК ќе се поднови со седум нови коли, бара да имаат греење на седишта и големи екрани

Фото: илустрација/ Martin Katler/Unsplash

Државната Агенција за електронски комуникации (АЕК) распиша оглас за набавка на седум автомобили со вкупна вредност од околу 200 илјади евра, пишува СДК.мк.

Според спецификациите еден од нив мора да поседува камера со приказ од 360 степени, ЛЦД екран од најмалку 10 инчи, загревање на предни и задни седишта и на волан, безжичен полнач за телефон од најмалку 15 вати, како и затемнети задни стакла со УВ заштита. Бојата треба да биде црна металик.

Останатите шест возила треба да бидат на хибриден погон, со 8-инчен ЛЦД екран, додека греење на седиштата не е задолжително.

Агенцијата, со која раководи Јетон Акику, кадар на ДУИ, неделава распиша и оглас за набавка на авиобилети во вредност од речиси 100 илјади евра за наредните две години, потсетува СДК.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот