АЕК: Граѓаните и фирмите да користат алтернативни начини на комуникација со агенцијата

На граѓаните ќе им биде овозможен пристап до информации преку контакт центарот на Агенцијата достапен на бројот 190, доставување барања и дописи ќе може да се оствари преку електронска пошта [email protected], комуникацијата со вработените ќе се одвива преку електронска пошта или преку телефон.

Агенцијата за електронски комуникации ги охрабрува граѓаните и соработниците да користат алтернативни начини за комуникација со оваа институција. Нејзините вработени по препораките од Владата за спречување на ширеењето на коронавирусот ќе ги извршуват од дома работните задачи за кои не е потребно физичко присуство во просториите на Агенцијата.

-Во најголема мерка треба да се користат алтернативните методи на комуникација како што се: пристап до информации преку контакт центарот на Агенцијата достапен на бројот 190, доставување барања и дописи преку електронска пошта [email protected], комуникација со вработените преку електронска пошта или преку телефон.

Контактите на вработените вклучително електронската пошта, мобилен и фиксен телефонски број се достапни на веб страната на Агенцијата www.aec.mk .Во ситуации кога ќе треба да се обратат по писмен пат, дописот ќе треба да го остават на рецепцијата на Агенцијата, а стручните служби ќе постапат, објави АЕК на својата веб страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот