„Аѕурите“ најдоа начин како да играат на СП во Катар иако загубија од Македонија, се надеваат на „помош“ од ФИФА

Италијанците во мундијалскиот бараж загубија од Македонија/фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Актуелниот европски шампион Италија доживеа вистински дебакл во квалификациите за пласман на Светското првенство откако во полуфиналниот бараж натпревар загуби од Македонија, но сè уште се надева дека ќе настапи на Мундијалот во Катар и тоа со евентуална помош од ФИФА иако шансите за такво нешто да се случи се минимални.

Според „Медиасет“, ФИФА би можела да ја казни Фудбалската федерација на Иран чија репрезентација обезбеди пласман на СП во Катар бидејќи на последниот натревар што го играше на домашен терен против Либан, не дозволи присуство на жени на трибините.

На социјалните мрежи можеа да се видат снимки како иранската полиција дури употребува солзавец за да ги расера жените кои имале купено билети за натпреварот на нивната репрезентација.

Членот на Фудбалската федерација на Иран, Мехрдад Сердаши на Твитер објави е загрижен бидејќи ФИФА жестоко го санкционира недостатокот на толеранција и еднаквост, но и агресивните испади на полицијата.

„Медиасет“ пишува дека постои можност ФИФА драконски да ги казни Иранците и да ја исфрли нивната репрезентација од СП во Катар, иако шансите за такво нешто се многу мали.

Доколку би се случило такво нешто, на Мундијалот во Катар би учествувала репрезентацијата која е најдобра на ФИФА ранг-листата, а тоа е токму Италија.

„Евентуалната драконска казна за Иран е малку веројатна и се граничи со научна фантастика, но можеме да очекуваме тие да бидат исфрлени од СП, но тоа навистина е последна шанса за Италија сепак да биде дел од СП“, пишува „Медиасет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот