Адвокатската канцеларија од Скопје ѝ нуди бесплатна правна помош на жртвата која беше брутално нападната од насилниците од Штип

„Слободен печат“ денес прв го објави вознемирувачкото видео на кое се гледаше како двајца насилници од Штип брутално тепаат девојка, која низ лелеци ги моли да престанат да ја напаѓаат. По нашата објава, МВР експресно реагираше и лицата беа лишени од слобода, при што видеото беше отстрането од нашиот портал и јутјуб канал.

Чинот на насилниците предизвика бес на социјалните медиуми, а во борбата против насилството се вклучи адвокатската канцеларија „Ваневски“ од Скопје, кое ѝ понуди бесплатна правна помош на жртвата:

„На нападнатото девојче и нудиме бесплатна правна помош односно застапување во судска постапка со приклучување на кривично гонење и да и се исплати надомест на штета. Доколку некој ја познава нека ја упати да не контактира“, напиша адвокатот Ваневски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот