Адвокатот на жртвите на Диди: „Ќе бидат објавени имињата на неговите моќни соучесници, некои од нив ќе ве шокираат“
Полека се расплетува приказната околу раперот Шон Комбс познат како Диди, со оглед дека секојдневно излегуваат информации за неговите контроверзни забави. Медиумите веќе пренесоа дека се подготвува нова тужба која ќе ја поднесат дури 120 жртви (жени и мажи, меѓу кои имало и малолетни лица). Но, тоа не е сè.
Имено, како што пренесува „Дејли мејл“, Диди е само еден од „многуте моќни луѓе“ кои ќе бидат разоткриени поради наводните злосторства за сексуален напад што се случиле на неговите забави, настани, аудиции и многу повеќе.
Списокот на наводните соработници на Диди ќе биде објавен како дел од новиот бран тужби, изјаци адвокатот Тони Бизби на прес-конференцијата.
„Имињата ќе ве шокираат“, рекол адвокатот Тони Базби.
„Ќе дојде ден кога ќе именуваме други имиња освен Шон Комбс, а има многу имиња. Веќе е долг список, но поради природата на овој случај, ние ќе се увериме, проклето сигурни, дека сме во право пред да го направиме тоа“, продолжил тој.
Базби рече дека планира да поднесе тужби во неколку држави во следните 30 дена и вети дека подоцна ќе ги открие имињата.