Адвокатот на ветеранската организација на ОВК: Харадинај и Гуцати се во Хаг, обвинети се за попречување правда

Фото: EPA-EFE/RIDVAN SLIVOVA

Адвокатот на организацијата на ветерани на поранешна ОВК, Том Гаши изјави дека претседателот на таа организација Хисни Гуцати и неговиот заменик Насим Харадинај моментално се во Хаг, пишува РТС, пренесува Недељник.рс.

Според Гаши, двајцата лидери на организацијата на ветерани наскоро би требале да се појават пред судија, а осомничени се за попречување на правда.

Уапсен Хисни Гуцати, водачот на ветераните на ОВК ќе го носат во Хаг

„Двајцата се осомничени за попречување на правда, двајцата се во Хаг. Наскоро ќе се појават пред судија кој ќе одлучи дали им е одреден притвор или не. Меѓутоа, не е познато кога точно ќе се појават пред судија“, изјави Гаши.

Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС вчера го уапси и потпретседателот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Насим Харадинај, откако претходно беше приведен и претседателот на организацијата Хисни Гуцати.

Полицијата на ЕУЛЕКС го уапси и потпретседателот на ветеранската организација на ОВК, Насим Харадинај

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот