Адвокатот на Трамп во изолација: Руди Џулијани е позитивен на ковид-19

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека неговиот адвокат Руди Џулијани е позитивен на ковид-19.

– Руди Џулијани, убедливо најдобриот градоначалник во историјата на Њујорк, и кој неуморно работи на разоткривање на најкорумпираните избори досега во историјата на САД е позитивен на кинескиот вирус. Брзо да се опоравиш Руди, ќе продолжиме натаму, напиша Трамп на Твитер.

Трамп не прецизира од кога е позитивен Џулијани, ниту дали имал некакви симптоми. Џулијани ги предводеше напорите на Трамп за поништување на изборниот резултат во САД, повторувајќи неосновани тврдења дека манипулацијата била фактор за победа на кандидатот на демократите, Џо Бајден.

Универзитетот „Џон Хопкинс“ вчера регистрира 213.,875 нови случаи на ковид-19 и уште 2.254 починати лица во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот