Адвокатот на Трамп, Џулијани, се закити со „Златна малина“ за најлош спореден актер

Поранешниот градоначалник на Њујорк и адвокат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Рудолф Џулијани, е награден со „Златна малина“ за најлош спореден актер за улогата во филмот „Борат 2“, во кој беше снимен во компромитирачка сцена.

„Златната малина“ е награда која се доделува за најлошите филмски остварувања еден ден пред Оскарите, а оваа година се доделува по 41-ви пат.

Џулијани е награден за најлоша споредна машка улога во новиот филм за Борат од контроверзниот режисер и актер Саша Барон Коен, а признание доби и во категоријата „најлоша комбинација на екранот“ – за себе и за својот патент, откако беше жртва на главната местенка во „Борат 2“ во незаборавната сцена во хотелска соба. Џулијани изјави дека ништо недолично не се случило на контроверзната сцена, иако критичарите сметаат дека и самото негово појавување во филмот дополнително ја нарушило неговата веќе разнишана репутација, пишува „Гардијан“.

Покрај Џулијани, вниманието го привлече и контроверзниот филм „Музика“, во режија на австралиската пејачка Сиа. Филмот беше критикуван заради коментарот и прикажувањето на проблемите на аутистичните лица и освои дури три „Златни малини“. Сиа подоцна се извини за начинот на кој ја претставила аутистичната личност која ја глумеше американската актерка Меди Зиглер, која е наградена за најлоша споредна актерка. И славната актерка Кејт Хадсон се закити со „Златна малина“, и тоа за најлоша главна женска улога во истиот филм, а Сиа ја доби наградата за најлош режисер.

„Апсолутен доказ“, документарец за кинеското мешање во изборите во Америка, ја освои „Златната малина“ за најлош филм, а Мајк Линдел, врз основа на тој филм, е прогласен за најлош актер.

„Златна малина“ за најлош римејк доби филмот „Д-р Дулитл“, со Роберт Дауни помладиот, а полската романтична драма „365 дена“ освои „Златна малина“ за најлошо сценарио.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот