Адвокатот на Сноуден: Мојот клиент наскоро ќе стане татко, детето ќе има руско државјанство

Фото: EPA/JUSTIN LANE

Едвард Сноуден, поранешен член на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), кој доби дозвола за престој во Русија,ќе стане татко, изјави денеска неговиот адвокат, Анатолиј Кучерена.

Правниот застапник нагласи дека детето ќе има руско државјанство.

– Едвард и неговата сопруга Линдзи Милс наскоро ќе станат родители. Односно, до крајот на годината. Државјанството се доделува врз основа на местото на раѓање, истакна тој.

Сноуден не изрази желба да добие руско државјанство, барем сѐ уште не.

– Не сме разговарале за ова прашање. Кога тој ќе одлучи, самиот ќе ја информира јавноста, нагласи адвокатот.

Во октомври во 2014 година, американската акробатка и блогер Линдзи Милс ги напушти САД и дојде во Москва за да му се придружи на Сноуден. Во САД, тој се смета за бегалец. Двајцата се венчаа во 2017 година.

Во 2013 година, Сноуден објави дека американските разузнавачки служби незаконски ги следат електронските податоци на илјадници корисници на Интернет, вклучително и нелегално прислушување на странски државјани и државници.

Потоа, за да ги избегне правните последици од објавувањето доверливи податоци на САД, Сноуден побара азил во други земји, меѓу кои и во Русија. Во август 2014 година доби дозвола за привремен престој во таа земја, додека во САД сѐ уште е обвинет за шпионажа и му се заканува казна затвор од десет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот