Адвокатот на Колесникова: Таа беше приведена под сомнение за сторено предавство

Марија Колесникова / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Белоруската опозициска политичарка Марија Колесникова беше приведена под сомнение за сторено предавство, како дел од кривичната постапка што опфаќа обид за преземање на власта, соопшти денеска нејзиниот адвокат.

Во понеделникот беше објавена неофицијална информација дека истакнатата опозиционерка „исчезнала”, односно дека маскирани лица насила ја внеле во минибус.

Белоруските државни медиуми објавија дека Колесникова е приведена на границата со Украина при „нелегален обид за премин”, а агенцијата Интерфакс-Украина објави дека тие всушност сакале да ја депортираат Колесников во Украина, но дека таа го искинала својот пасош со цел да ги спречи властите во тоа.

Колесникова го искинала пасошот за да го спречи депортирањето во Украина

Таа е истакнат лидер на протестите кои бараат оставка од Александар Лукашенко по претседателските избори на 9 август, за кои опозицијата тврди дека биле наместени. Лукашенко негира кражба на изборите.

Максим Знак, истакнат белоруски опозициски активист, исто така бил пресретнат и однесен од улица во Минск од непознати маскирани лица, тврдат неговите приврзаници.

Занк е познат белоруски адвокат, а исто така е и член на опозицискиот Совет за координација. Утрово требаше да учествува на претходно закажаниот видео состанок, но не се појави.

Сведоците тврдат дека маскирани лица го однеле преку една од централните улици во Минск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот