Фото: EPA

Адвокатот на Балдони за шегата на Рајан Рејнолдс: Шокиран сум што тој се исмејува со сопругата која била сексуално вознемирувана!

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се најдоа во центарот на вниманието пред неколку дена, поради шегата на актерот за правната битка што неговата сопруга ја води со нејзиниот колега Џастин Балдони. Сега се огласи адвокатот на Балдони кој ја критикуваше шегата на Рајан.

Рејнолдс се појави со сопругата Блејк Лајвли на прославата на 50-годишнината од шоуто SNL, а во еден момент стана и им кажа на водителките Тина Феј и Ејми Полер дека има прашање. “Рајан Рејнолдс! Како си?” го прашаа, а актерот рече: “Одлично! Зошто, сте слушнале нешто?” и на тој начин ја насмеа публиката, додека актерката наеднаш стана сериозна по неговите зборови.

Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, се појави на „Хот Микс“ и ја нарече ситуацијата „последниот потег“ од нивниот тим. „Искрено не познавам личност чија сопруга била сексуално вознемирувана и некој би се исмејувал со таа ситуација“, изјави Фридман. „Не можам да се сетам на некој кој направил нешто такво. Бев изненаден“, додаде тој.

Тој додаде дека Балдони се надева дека целиот случај ќе биде решен во негова корист. Водителот го прашал дали Балдони заминал на Хаваи на одмор со сопругата и децата. „Не би го нарекол одмор. Мислам дека никој кој е обвинет за такви страшни работи, можеби дури и за злосторства, не е на одмор“, рече Фридман и додаде: „Мислам дека се обидува да помине време со своето семејство и да најде мир“.

Откако на социјалните мрежи почна да се шири видео од шегата на Рајан, многумина го осудија.

„50 години SNL засекогаш ќе бидат запаметени како местото на кое дојдоа Блејк и Рајан за време на нивниот скандал“, „Дали тие навистина мислат дека можат да нѐ измамат да мислиме дека сето тоа е една голема шега за нив и дека се над катастрофалниот наратив што се создава околу нив?“ и “Дали ова требаше да биде смешно? Зошто Блејк и Рајан воопшто присуствуваат на настани?” се само дел од многуте коментари.

Во декември 2024 година, 37-годишната актерка го обвини актерот за сексуално вознемирување и одмазда, но Џастин ги негираше обвинувањата, по што Блејк поднесе формална тужба против него, а тој возврати со тужба од 400 милиони долари за клевета и изнуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот