Адвокатот кој два пати го одлагаше Брегзит ќе го брани Манчестер сити

Англискиот тим ангажира врвен адвокат за да остане во европските купови.

Фудбалскиот свет минатиот петок беше шокиран со веста дека Манчестер сити на две години е исфрлен од Лигата на шампионите поради финансиски малверзации.

Клубот веднаш најави жалба на ваквата одлука, доби голема поддршка од навивачите, а вечерва го ангажираа адвокатот кој ќе го брани клубот пред Судот за спортска арбитража во Лозана.

Станува збор за човекот кој два пати го одложуваше Брегзит и ја задржуваше Велика Британија во Европската унија, Дејвид Паник.

Еден од најголемите правници во Англија, пред две години ја претставуваше Џина Милер, англичанка која ја тужеше тогашната премиерка Тереза Меј која сакаше да ја изнесе Велика Британија од Европската унија без дозвола на парламентот.

Паник го доби тој случај, но и случајот кој Милер го изнесе пред врховниот суд, тврдејќи дека актуелниот премиер Борис Џонсон на кралицата Елизабета втора и дал незаконски совет во обидот да го „изигра“ парламентот.

Прочитајте и...  Одложена и деветтата трка во Ф1 сезонава

Манчестер сити услугите на Паник кој во 2008 година доби титула лодс, ќе ги плаќа 20.000 фунти дневно.

Доколку тој не успее да ја собори суспензијата во судот во Лозана, Манчетер сити се соочува со загуби од 200 милиони фунти од награди и телевизиски права. Поради тоа, „граѓаните“ се подготвени евентуално случајот да го однесат и во редовниот швајцарски суд и за таа цел е ангажиран адвокатот од Женева, Келерхалс Карардо.

Прочитај повеќе

Ѓоковиќ одговори на предизвикот на Федерер! (ВИДЕО)

Слободен печат

Јакимовски се пријави за хуманитарен лет, но и натаму е на „листата на чекање“!

Слободен печат

Тотенхем го предупредува Мурињо после тренингот во парк! (ФОТО)

Слободен печат

Садио Мане: Сакам да бидам шампион на теренот!

Слободен печат

И самиот се изненади, неверојатен потег на украински фудбалер! (ВИДЕО)

Слободен печат

Марино: Белгијците откажаа, и Премиер лигата ќе го направи истото!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Федерер дели бесплатни совети на Инстаграм, се јави Ѓоковиќ и забавата е загарантирана (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Роналдињо ја плати кауцијата и излезе од затвор

Слободен печат

Бев пред пензија, со цигара во рака и голем стомак, но тогаш ми пријде Антиќ…

Слободен печат

Одложена и деветтата трка во Ф1 сезонава

Слободен печат

После Џордан, Коби Брајант е најдобриот

Слободен печат

Реал Мадрид подготвува понуда за Халанд

Слободен печат