Адвокатот Апостолски ќе ја тужи Владата за аерозагадувањето

фото: Слободен печат

Тужба против Владата и премиерот Зоран Заев, зашто не ги имплементира мерките за борба против загадувањето, најави адвокатското друштво Апостолски.

Оттаму информираат дека тужбата ќе биде поднесена пред домашните судови и пред Европскиот суд за човекови права, поради повреда на правото на живот согласно, правото на здравствена заштита и правото на здрава животна средина.

– Со програмата Владата се обврза да го намали загадувањето на воздухот до 2020 во: Скопје до 50%, а во другите градови од 30 до 50%. Заради тоа утре во 12.59 ќе поднесеме тужба до Основниот граѓански суд во Скопје со која тужба бараме судот да утврди повреда на горенаведените права и дополнително да изрече мерки против Владата, односно функционерите во Владата – Зоран Заев, претседател на Владата, министри, заменици-министри, државни секретари, шефови на кабинети на министри, заменици министри и државни секретари, советници, координатори и други. Предложени мерки се намалување на плата на функционерите, забрана за користење службени возила, забрана на користење државни пари за службени појадоци, ручеци, вечери, како мерки кои најмногу би ги засегнале државните функционери за да почнат со имплементација на мерките согласно Програмата за намалување на аерозагадувањето – наведуваат од адвокатското друштво Апостолски.

Адвокатите предлагаат и републичкиот обвинител, Љубомир Јовески, да преземе мерки а утврдување кривична одговорност и веднаш да отвори истрага против сторителите.

– Повикуваме сите загрижени граѓани и невладини организации да се приклучат на
поднесувањето на тужбата, утре, петок, 01.11.2019 во 12.59 – велат од адвокатското друштво Апостолски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот