Адвокатката на Трамп: Софтверскиот систем „Доминион“ се користел во многу држави во кои победи Бајден

Фото: youtube/printscreen

Сидни Пауел, правен застапник на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека Џина Хаспел, директорката на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), треба да биде „сменета” затоа што немала забелешки и не се огласила за употребата на изборниот софтвер „Доминион“, кој без доказ ги спомнува и Трамп и неговите приврзаници како инструмент со кој е извршена „изборната измама”.

Во интервју за „Фокс Њуз“, Пауел се обиде да го зајакне кредибилитетот на обвинувањата на Трамп, наведувајќи дека софтверскиот систем „Доминион“ се користел во неколку држави каде што победи Бајден, пренесува „Би-Би-Си“.

Иако овие тврдења беа побиени од бројни неутрални експерти, Пауел тврди дека има свиркачи кои ќе и презентираат на јавноста информации дека овој софтвер бил користен за бришење на милиони гласови на гласачите на Трамп.

– Не разбирам зошто Џина Хаспел е сè уште на чело на ЦИА. Таа треба веднаш да биде сменета, рече Пауел.

На новинарско прашање дали има докази што ги поткрепуваат нејзините тврдења, Пауел одговори дека нема намера да објавува такви информации на телевизија.

Хаспел беше назначена за директорка на ЦИА од Доналд Трамп во 2018 година и таа е првата жена во историјата на ЦИА која е назначена на таа позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот