Адвокатката на таткото на Бритни Спирс: „Тој е загрижен, ѝ го спаси животот, а луѓето погрешно разбраа сè“

Instagram
Instagram

Пејачката Бритни Спирс (39) крена прашина со филмот „Framing Britney Spears“, а бројни обожаватели и јавни личности застанаа на страната на поп – ѕвездата. Вивијан Торин, адвокатката на Џејми Спирс (68), исто така се појавува во новиот документарец за животот на пејачката. Таа тврди дека токму тој и го спасил животот на Бритни.

Разбирам дека секоја приказна мора да има главен негативец, но луѓето погрешно го разбраа сето тоа во овој случај. Ова е приказна е за грижлив, посветен и лојален татко кој ја спасил својата ќерка од бројни опасни ситуации по нејзинит живот. Бројни луѓе и нанесоа штета, ја повредија и искористија. Џејми и го спаси животот, изјави Вивијан за Good Morning America.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Адвокатите на Џејми тврдат дека за време на старателството над Бритни, нејзиното богатство било проценето на 2,8 милиони долари во 2008 година, а до 2019 година, тие го вратиле на скоро 60 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Новинарите ja прашаа Торино зошто Бритни не зборуваше јавно за целата драма околу старателството.

„Тоа ќе морате да ја прашате лично неа“, одговори таа.

Минатата година, правниот тим на Бритни Спирс тврдеше дека таа се плаши од нејзиниот татко и дека нема да ја продолжи кариерата се додека не биде надвор од негова контрола. Во ноември минатата година, судот одби да го откаже старателството на Џејми над неговата ќерка и го продолжи до септември оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот