Адвокатите тврдат дека состојбата на Камчев е алармантна, констатиран му е споен притисок 90 со 70

Орце Камчев/ Фото: СП. / Драган Митрески

Здравствената состојба на Орце Камчев е алармантна, во затворот во Шутка нема дежурен доктор кој ќе му ја дава соодветната терапија, туку се испраќаат медицинска сестра или медицински брат да му ја проверат состојбата, реагира адвокатскиот тим на обвинетиот бизнисмен.

-Првично, денес во текот на утрото, г-динот Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот ‘медицински тим’ констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето. Потоа, во 14:30 часот тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ Затвор Скопје, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за кардиологија, но тој одбил, бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во којашто се наоѓа, бидејќи и таму, секако, не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот ’медицински тим‘ оваа негова состојба во КПУ Затвор ’Скопје‘ ја третираат со сол и газирана вода, тврдат од адвокатскиот тим.

Сериозноста на здравствената состојба во која што моментално се наоѓа и несоодветното третирање на истата претставува ризик директно по животот на г-динот Камчев.

-Од правен, но и етички и морален аспект, и нашиот клиент, г-динот Камчев и ние како правна одбрана во целост поддржуваме активности со кои би се докажала правдата, но апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките. Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор која се применува не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек, додаваат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот