Адвокатите на Трамп почнаа со одбрана во процесот за отповикување: Поранешниот претседател не треба да биде осуден за нападот врз Капитол

Фото: EPA-EFE/Jabin Botsford / POOL

Адвокатите на Доналд Трамп почнаа со одбрана, тврдејќи дека поранешниот претседател не треба да биде осуден за крвавиот напад на неговите приврзаници врз Капитол во минатиот месец и го нарекоа процесот на отповикување „политичка одмазда” од демократите. Одбраната ќе трае околу четири часа.

Адвокатите на Трамп велат дека тој не ги поттикнал немирите на 6 јануари во кои загинаа пет лица, вклучувајќи и еден полицаец. Тие рекоа дека неговото право на говор е заштитено со Уставот на САД и дека обвинителите не успеале директно да ги поврзат постапките на демонстрантите со поранешниот претседател.

– Процесот на отповикување пред Сенатот е неправеден и јасно неуставен чин на политичка одмазда. Тоа е политички мотивиран лов на вештерки, започнат од демократите, рече адвокатот Мајкл ван дер Вен во воведниот збор.

Убедени дека Доналд Трамп повторно ќе го стори истото кога ќе се врати на власт, демократските обвинители вчера ги повикаа американските сенатори да спречат можност за повторна кандидатура на поранешниот претседател поради „поттикнување” на неговите приврзаници да го нападнат Капитол.

Трамп уште од претседателските избори во ноември тврди дека Бајден го победил со измама, а неговите приврзаници упаднаа во Капитол додека се чекаше потврдата за победата на демократите, одложена за неколку часа во врска со немирите.

Ван дер Вин рече дека поентата на обраќањето на Трамп пред приврзаниците е дека демократските процеси мора да го почитуваат словото на законот.

– Ова не се зборови на некој што поттикнува насилен бунт, потенцира тој.

Две третини од сенаторите треба да гласаат за осуда на Трамп, што значи дека 17 републиканци треба да им се придружат на демократите, што е малку веројатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот