Адвокатите на Сашо Мијалков бараат запирање на „Тортура“

Запирање на постапката протов обвинетиот Сашо Мијалков и шестмина припадници на полиција обвинети во случајот „Тортура“ побараа на денешното рочиште адвокатите на обвинетите.

За одбраната на обвинетите, обвинителите не биле надлежни да го застапуваат предметот кој од Специјалното јавно обвинителство го презеде републичкото Јавно обвинителство, бидејќи, како што нагласија, сѐ уште во сила е законот за СЈО.

Процесот за „Тортура“ почна одново откако на минатото рочиште беше соопштено дека судија – поротник од советот си дал отказ, што е една од причините за еден судски процес да се врати на повторно судење. Обвинителите од ОЈО на тврдењето на авокатите на обвинетите нагласија дека имаат писмено решенија од државниот обвинител Љубомир Јовески да го застапуваат предметот откако тој прејде во редовното обвинителство.

По однос на барањето на обвинетите судот ќе трева дополнително да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на одбраната.

Во овој случај се обвинети поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, тогашниот командант на „алфите“ Ивица Антевски викан Пуки и уште петмина припадници на „алфите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот