Адвокатите на Ѓоковиќ ја доставија документацијата со три докази

Новак Ѓоковиќ
Бидејќи не беше вакциниран против ковид-19 не настапи на „Австралија опен“/ Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Се знае на што ќе се фокусира адвокатскиот тим на Новак Ѓоковиќ пред Федералниот суд кој ќе донесе одлука дали српскиот тенисер ќе го добие правото да настапи на „Австралија опен“ во Мелбурн.

Најдобриот светски тенисер ќе биде на суд ноќта меѓу недела и понеделник. Поради одлуката да биде депортиран, тој ќе се обиде да им објасни дека на сосема легитимен начин влегол во Австралија каде со денови трае малтретирањето против него. Последните информации велат дека барем малку се подобрија условите во притворот во кој се наоѓа.

Потсетуваме, Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн, но не му беше дозволено да го напушти авионот, а потоа и аеродромот во тој град. Иако добил „медицинско изземање“ од вакцинација, српскиот тенисер бил задржан на аеродромот осум часа, за потоа да му кажат дека мора да ја напушти земјата.

Таа одлука подоцна беше сменета и тој не беше веднаш депортиран, а адвокатскиот тим на првиот светски рекет поднесе жалба.

Засега е познат датумот на судењето – точно на полноќ меѓу недела и понеделник, односно од 10 часот локално во Австралија. Не се знае колку ќе трае постапката, но добро упатените колеги од Австралија дојдоа до деталите за одбраната на Ѓоковиќ.

Поддршка за Ѓоковиќ од две тениски легенди: Срамота е тоа што му го прават на Новак

Ѓоковиќ и невакциниран ќе може да игра на Ролан Гарос

Српскиот тенисер својата жалба ќе ја заснова на три клучни точки:

– Прележан коронавирус во декември 2021 година
– Писмо испратено до него на 1 јануари 2022 година од австралиското Министерство за внатрешни работи
– Лош третман кој го имаше на аеродромот, каде што не можел ниту да комуницира со адвокатите

Според Австралијците, ова би можело да биде доволно за да се промени првичната одлука и Ѓоковиќ да игра на „Австралија опен“.

Потсетуваме, Ѓоковиќ деветпати во кариерата беше победник на турнирот во Мелбурн, а уште еден триумф би му донел рекорден 21. Грен слем во кариерата, најмногу во историјата на овој спорт, пред Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот