13 C
Скопје

Адвокатите бараат да не плаќаат ДДВ: Не даваме услуги, туку правна помош

Адвокатите не сакаат да плаќаат ДДВ. Тие сметаат дека не даваат услуги и дека не се трговци. Според нив, плаќањето ДДВ за правна помош е спротивно и на Уставот, бидејќи со сегашното решение, граѓаните биле двојно оданочени.

Адвокатската комора до Владата и до Собранието, поднесе Предлог-измена на Законот за данокот на додадена вредност. Во образложението, адвокатите се повикуваат на новиот Закон за услуги, во кој е утврдено дека тие не даваат услуги, односно одредбите од законот не се применуваат на давањето правна помош и на јавните овластувања кои ги врши адвокатурата како јавна служба.

-Бидејќи адвокатите не даваат услуги и не вршат стопанска дејност, обврската за ДДВ за адвокатите и за адвокатските друштва треба целосно да биде исклучена. Минатата година на крајот на мај, беше донесен нов Закон за услуги, според кој одредбите од Законот за услуги не се применуваат на правната помош и вршењето на јавните овластувања кои ги пружа адвокатурата како самостојна и независна јавна служба, што значи законски е утврдено дека адвокатите не даваат услуги – пишуваат од Адвокатската комора.

Прочитајте и...  Заштитни паравани во основните училишта во Чаир како заштитна мерка од ковид-19

Тие понатаму објаснуваат дека согласно член 2 став 1 од Законот за ДДВ, предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е прометот е прометот на добра и услуги, кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност. Оттука според Адвокатската комора, јасно е дека по стапувањето на сила на Законот за услуги веќе не може да се применува членот 2 од Законот за ДДВ, бидејќи адвокатите не даваат услуги и не вршат стопанска дејност.

-Сметаме дека обврската за ДДВ на адвокатите поединци и адвокатските друштва, треба целосно да се исклучи, затоа што со Законот за услугите, како специјален закон, давањето на правна помош и вршењето на јавните овластувања кои ги пружа адвокатурата како самостојна и независна јавна служба не претставуваат услуга, а дополнително и затоа што согласно член 8 став 2 од Законот за трговски друштва адвокатите не се сметаат за трговци, значи не вршат стопанска дејност – пишуваат од Адвокатската комора.

Прочитајте и...  Карантин при влез во Германија, доколку граѓаните престојувале во ризично подрачје од ковид-19

Адвокатите поединци и адвокатските друштва се уставна категорија чија дејност претставува пружање на правна помош и без оглед на формата во која дејноста се обавува не се субјекти во стопанскиот промет формирани заради остварување на добивка и поради тоа нивните приходи не претставуваат профит, туку личен доход кој се оданочува согласно Законот за данок на личен доход.

-Плаќањето на ДДВ за правната помош што ја пружаат адвокатите е спротивно на член 8 од Уставот на РСМ – владеење на правото, за што Уставниот суд има заземено јасен став, а тоа е дека со плаќањето на ДДВ суштински се врши двојно оданочување на граѓанинот, затоа што веќе платил судска или управна такса во постапките во кои ја прима правната помош, па за нив треба по втор пат да плаќа и ДДВ. Ваквиот став е содржан во одлуката број 154 од 2000 година, со која е укината Одредбата од член 30 став 2 од Законот за ДДВ, според која ДДВ плаќаа нотарите и тоа по повластена стапка и според која нотарите веќе 20 години не плаќаат ДДВ. Воедно со ваквиот предлог ќе се намали и ќе се изедначи тарифата на адвокатската правна помош – стои во образложението на Адвокатската комора.

Прочитајте и...  Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?

Најскапо се наплаќаат меѓународните спорови

Според тарифата на Адвокатската комора од почетокот на годинава, за работни спорови и вонпарничните постапки, адвокатската награда изнесува 7.000 денари. Исто толку се наплаќа и за развод на брак и други спорови од семејни односи,  како и за управен спор. За управна постапка, наградата изнесува 6.000, а за прекршочна постапка, се наплаќа 1.000 денари помалку. Во постапка пред меѓународна арбитража и меѓународни судови, во спорови со вредност до 5.000.000 евра, наградата изнесува 20.000 денари за секој започнат час. За меѓународни спорови над 10 милиони евра, се наплаќа по 30.000 денари за секој започнат час. За промена на е-маил адреса, пријава на работно време и објава на ликвидација во Централен регистар, наградата изнесува 1.000 денари, а за основање на трговски друштва и други правни лица, се наплаќа по 9.000 денари.

 

Поврзани вести

Министерот Спасовски на средба со претставници на Македонски полициски синдикат: Реновирани над 50 објекти на МВР

Слободен печат

„Доминион” бара оштета од Џулијани во висина од 1.3 милијарди долари поради тврдењата за изборен фалсификат

Илинка Иљоска

Пленковиќ: Дипломатијата околу вакцините се претвора во киднапирање

Слободен печат

Ангелскиот стас и глас засекогаш ќе живее во срцата и мислите на неговите фанови: Крушево го одбележа 40-иот роденден на Тоше

Слободен печат

Средба на Филипче со директорот на ГОБ „8 септември“, Костов: Дежурствата во ковид-одделенијата ќе се плаќаат 35 отсто повеќе

Слободен печат

Фаучи: Почнаа подготовките за унапредување на вакцината против Ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар