Адвокатите бараа одлагање на “Титаник”, судот ги одби

Фото: МИА

Поради оставката на шефицата на СЈО, Катица Јанева, денеска во Кривичен суд на рочиштето за аферата „Титаник”  адвокатите на обвинетите побараа одлагање на рочиштето, поради „новонастанатата ситуација“. Но, судијата Осман Шабани го одби тоа барање.

– Новонастанатата ситуација е работа на друго обвинителство, кое треба да ги расчисти работите. Ако одлагаме, може да упаднеме во истрагата. Оставката е констатирана и условена со други дејства што треба да се направат – кажа судијата.

Во овој случај обвинети се 21 лице, меѓу кои и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски. Исто така обвинети се и разузнавачот Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Обвинета е и поранешната заменичка на министерот за правда, Билјана Бришкоска Бошковски.

Според обвинението на СЈО обвинетите се гонат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот