Адвокати во Њујорк побараа одземање на адвокатската лиценца на Руди Џулијани

epa08702733 Rudy Giuliani, Former New York City Mayor and lawyer for US President Trump, listens as US President Donald J. Trump holds a news briefing at the White House in Washington, DC, USA, 27 September 2020. EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

 Група истакнати адвокати побараа од властите во Њујорк да му ја одземат лиценцата на Руди Џулијани за вршење на адвокатска работа, поради изнесените лаги за време на судските процеси поднесени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп по претседателските избори во ноември.

„Адвокатите за одбрана на американската демократија”, исто така, повикаа на истрага за Џулијани, кој служеше како федерален обвинител и градоначалник на Њујорк пред да биде ангажиран од Трамп како личен адвокат.

„Оваа жалба се однесува на законот, а не на политиката”, напишаа тие во писмото до Комисијата за жалби на адвокатите на Врховниот суд на државата Њујорк. Писмото го потпишаа повеќе од 40 адвокати.

Адвокатите кои не се поврзани со групата, вклучително и адвокат кој брани други колеги од поплаки за етички прекршувања, коментираат дека писмото може да има сериозни последици за Џулијани. Адвокатската комисија за жалби, што е дел од државното судство на Њујорк, има овластувања да им ги одземе лиценците на адвокатите.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот