Адвокат на кралски семејства ќе го брани Еди Рама против Билд

EPA-EFE/FILIP SINGER

Албанскиот премиер Еди Рама поднесе тужба против германскиот новинар Питер Тиде, по објавувањето  на снимки од прислушуваните разговори каде се слуша како се обезбедувале гласови за партијата на Рама, преку закани и купување гласови.

„На германскиот адвокат Матијас Принц му дадов овластување за започнување судски процес околу наводите во „Билд”. Германските судови нека одлучуваат кој е во право и кој е виновен за ова. Ова го правам затоа што Албанците заслужуваат да ја знаат вистината од судството на таа земја“, напиша Рама на Твитер.

На објавата на Рама, преку Твитер, одговори новинарот Тиде: „За што ме обвинува? Ме обвинува за објавената вистина?“, напиша Тиде, пренесува РСЕ.

Но, кој е германскиот адвокат што ќе го брани Еди Рама против Билд?

Топ Чанел јавува дека адвокатот Матијас Принц главно ги покрива судските процеси во областа на репутацијата и заштитата на приватноста, клеветата, медиумите, забавата и спортот.

Принц претставувавал големи корпорации, вклучувајќи ги и „SAP“, „Audi“, „Volkswagen“, но исто така и „T-Mobile“.

Во списокот на  неговите клиенти се и ВИП имиња и кралски семејства во Европа и Азија.

Во овој список се наоѓаат Кралското шведско семејство, принцезата Каролина од Хановер, Султанот на Брунеји, принцот Алберт од Монако, Хелмут Њутн, Дон Џонсон, Карл Лагерфелд и познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот