АДСДП врши дезинфекција во сите објекти кои се во нејзина надлежност

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката спроведува темелна, вонредна дезинфекција во 20 социјални згради низ целата држава, во четири катни гаражи со кои стопанисува, како и во самата Дирекција и 11-те подружници.

– Акцијата е во согласност со препораките на Владата за заштита и превентива од вирусот КОВИД-19. Станува збор за третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините. Средството што се употребува е еколошко, односно покрај својата голема ефикасност е  и потполно безбедно за околината. Во насока на грижата за здравјето на станарите, АДСДП на социјалните згради истакна известување со препораки како да се постапува во случај на епидемија, информираат од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Оттаму, најавуваат дека акцијата за дезинфекција ќе се спроведува и во наредниот период во зависност од потребите и во согласност со препораките на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот