„Адриа ервејс“ нема да лета во следните два дена, откажани летовите и од Скопје

Авио-превозникот од Словенија, „Адриа ервејс“ објави дека ги прекинала сите летови планирани за денеска и утре поради немање пари, јавија локалните медиуми.

Со тоа и денешните закажани слетувања и полетувања кон нашата држава се откажани, стои на сајтот на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Распоред на слетувања во Скопје
Распоред на полетувања од Скопје

Според соопштение од компанијата, управата на превозникот побарала четири милиони евра од Владата, но тие средства не биле одобрени.

– Одлуката за прекинување на летовите се должи на недостигот пари што и се потребни на авиокомпанијата за да продолжи да работи. Компанијата интензивно бара решение во соработка со потенцијален инвеститор. Целта е да се овозможи Адриа Ервејс повторно да лета, велат од компанијата во извинување до патниците и партнерите.

Авиопревозникот некогаш беше државен, но е приватизиран во 2016 година и продаден на германскиот фонд „4К Инвест“.

Оттогаш ги продале сите свои авиони и ги дале во закуп, но медиумите посочуваат дека долгот се зголемува кон добавувачите, а според некои извештаи таа сума изнесува дури 60 милиони евра.

Државата Словенија не може да го спаси тој превозник, но покажа подготвеност да ги измени законите што ќе овозможат субвенционирање на клучните патишта.

Аеродромот во Љубљана исто така соопшти дека има план за итни случаи, но се уште нема детали.

Според медиумите, со таа одлука погодени се стотици патници кои резервирале летови, а судбината на вработените во „Адриа ервејс“ е неизвесна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот