Администраторот на „Јавна соба“ е тинејџер: Групата изгуби контрола, не можев да ја избришам

фото Фејсбук

Администраторот на групата каде се споделуваат порнографски фотографии и видеа од македонски девојки, од кои дел малолетни, која од синоќа е преименувана од „Јавна соба“ во „Само за возрасни“ е тинејџер.

Откако се обелодени групата „Јавна соба“ на телекомуникациската апликација Телеграм, каде што се споделуваа порнографски фотографии и видеа од македонски девојки, од кои дел малолетни, како што пренесува Телма, полицијата влезе во трагата на администраторот на групата, но и обезбедила телефонски броеви од над седум илјади членови.

Администраторот на групата, која од синоќа е преименувана од „Јавна соба“ во „Само за возрасни“ е тинејџер.

Покрај тоа, А1он стапиле во контакт со администраторот кој вели дека групата која била основана за друга цел, изгубила контрола и тој пробал во повеќе наврати да ја избрише, но без успех. Тие додаваат дека групата веќе нема администратори, па функционира сама од себе и брои 4.700 членови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот