Административците да се снимаат на камера како работат, предлага Владата

фото Архива

На денешната владина седница биле разгледувани предлози преку видеонадзор и боди-камери да се регулира работата на службениците во ситуации кога е неопходно тие директно преку физички контакт да работат со граѓаните.

Ваквиот предлог за контролирање на работата на службеници е со цел да служи како механизам за превенција од корупција.

– На седницата беа презентирани и предлози за институциите кадешто е неопходно физичко присуство на службено лице во работата со граѓаните, да се регулираат преку видео надзор и боди камери, како механизам за превенција од коруптивни дејствија, се вели во владиното соопштение.

Предлозите се разгледувани во рамки на дискусијата за Планот за борба против корупција кој предвидува дигитализација на процесите што треба да го намали директниот контакт на службениците и граѓаните, а со тоа и да ја намали корупцијата. Работната група, велат од Владата, веќе ги подготвува и сите предлог-измени на закони за да може да се спроведе дигитализацијата и, како што информирал вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, истите ќе бидат подготвени и испратени во Собранието до крајот на август.

На седницата Владата одлучила да формира уште една работна група која ќе има задача да дефинира каква опрема е потребно да се набави за дигитализацијата на процесите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот