Администрацијата оваа сабота ќе го чисти Скопје

За вработените во државната администрација, со исклучок на тие од здравствените и образовните институции, претстојната сабота (14 декември) ќе биде работен ден и ќе се спроведе акција за чистење.

Како што одлучи Владата, на 14 декември ќе се одработува  2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.

Владината одлука, според препораката, треба да спроведат и единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија и другите правни лица основани од општините, за кои 2 јануари беше неработен ден.

-Според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре” со цел подигање на свеста за почиста околина. За распоредот и локациите за спроведување на акцијата вработените во јавниот сектор дополнително ќе бидат известени од страна на раководните лица на институциите- информира МИОА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот