Администрацијата на САД во соработка со „Епл“ работи на апликација за коронавирусот

Фото Архива

Компанијата „Епл“ соработува со администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп и федералните агенции во изработка на мобилна апликација и интернет-сајт за коронавирусот.

Апликацијата и сајтот корисниците ќе ги насочува до упатства на државниот Центар за контрола и превенција на болести за коронавирусот, соопштија денес „Епл“ и Белата куќа.

Апликацијата, која ќе биде достапна под името COVID-19, на корисниците ќе им поставува прашања за симптомите, местото на кое се наоѓаат и ризик факторите, а потоа ќе им овозможи соодветно упатство од Центарот за превенција и контрола на болести, соопштија офицјални лица на Белата куќа.

Користејќи официјални информации од центарот, апликацијата исто така ќе дава одговори на често поставувани прашања за коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Истите информации ќе се наоѓаат и на специјалнизиран дел на сајтот на „Епл“, за да бидат достапни и на корисниците на други платформи, како што се „Видндоус“, „Андроид“ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот