
Администрацијата на Трамп ги укина санкциите за „десната рака“ на Орбан, кои Бајден ги воведе на заминување
Соединетите Американски Држави го избришаа Антал Роган, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, од списокот на санкционирани лица, објави американското Министерство за финансии, пренесе „Ројтерс“.
Препорачано
Во јануари, администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден му воведе санкции за Роган поради неговата наводна вмешаност во креирањето на шеми за контрола на неколку стратешки сектори на унгарската економија.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто тогаш ја нарече одлуката на САД за санкционирање на Роган „лична одмазда“ на тогашниот американски амбасадор во Будимпешта, Дејвид Пресман.
Пресман постојано повторуваше дека е време Будимпешта да го избере својот иден пат и повика на зајакнување на врските на Унгарија со нејзините западни сојузници.
Поранешниот амбасадор го критикуваше и Сијарто за неговите патувања во Москва и Минск, а властите во Унгарија ги обвинуваше дека ги игнорираат интересите на своите сојузници од НАТО и ги зајакнуваат врските со Русија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
21мин
-
39мин
-
45мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5