Администрацијата на Бајден размислува за трансфер на ракетите „ЈАССМ“ во Украина
Администрацијата на Бајден е „отворена“ за испраќање крстосувачки ракети со долг дострел за украинските Ф-16 во Украина, објави „Политико“.
Не е донесена конечна одлука, но администрацијата работи на комплицираните детали во моментов, вели извор од администрацијата на Бајден за медиумит.
Пентагон одби да коментира дали го одобрил трансферот на проектилот.
„Разгледуваме низа опции за исполнување на барањата за безбедносна помош на Украина, но ги немаме овие информации во моментов“, рече портпаролот на Пентагон, Џеф Јургенсен.
Дебатата околу подготвеноста на администрацијата на Бајден да го истражи трансферот на „ЈАССМ“ ја прави ракетата најново оружје во долгата линија на софистицирани напредни технологии што некогаш се сметаше за забрането.
Некои членови на Конгресот и политички противници ја обвинија администрацијата на Бајден дека се движи премногу бавно за да му ја даде на Киев потребната опрема за да победи во војната.
Сепак, за војна која е стара само 30 месеци, одобренијата на Ф-16, тенковите Абрамс, крстосувачки ракети, ПВО Патриот и модерните носачи на пешадија го трансформираа она што беше војска од советската ера во една од централите на бојното поле во Европа.
Додека разговорите продолжуваат во Белата куќа и во Пентагон, службеникот на администрацијата предупреди дека има многу работа да се направи пред која било ракета да стигне до Украина.
„AGM-158 JASSM“ е крстосувачка ракета кој се лансира од воздух, развиена и произведена од „Lockheed Martin“.
Ракетата е со „GPS“ наведување, а на последната траекторија користи инфрацрвена камера за да ја пронајде и улови целта.
Ракетите „ЈАССМ“ се во служба на САД, неколку други земји на НАТО и најблиските сојузници на Америка.
Тежината на боевата глава е 450 килограми, дострелот на основната верзија е 360 километри, а верзијата „ЕР“ може да прелета 980 километри.