„Адидас“ ја претстави топката со која ќе се игра финалето во ЛШ! (ФОТО)

фото: твитер

Беше претставена се разбира во Истанбул (Турција), каде ќе се игра првото финале по 15 години и култниот натпревар Ливерпул-Милан.

Одличен дизајн, производителот на спортска опрема „Адидас“ денеска ја откри топката со која ќе се игра овогодинешното финале во фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2019/20.

Традиционално „Адидас“ произведува топки за најелитното фудбалско клупско натпреварување во Европа, а овој пат се погрижи топката за навивачите да изгледа многу посебна.

Беше претставена се разбира во Истанбул (Турција), каде ќе се игра првото финале (30. мај, „Ататурк“ Олимпискиот стадион) по 15 години и култниот натпревар Ливерпул-Милан.

Сите се воодушевени од изгледот на топката, потсетување дека титулата освоена минатата година ја брани екипата на Ливерпул.

Вечерва продолжуваат возбудувањата во ЛШ, со првите мечеви од осминафиналето, Атлетико Мадрид е домаќин на Ливерпул, а Борусија Дортмунд ќе ги одмери силите против ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот