Аџилак во Мека оваа година под посебни услови

Фото: EPA

Саудиска Арабија ќе организира аџилак во Мека оваа година, но под посебни услови со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, јави денеска саудиската државна телевизија.

„Механизмот и условите за одржување на аџилакот ќе бидат објавени подоцна оваа година”, се вели во соопштението на Министерството за аџилак.

Минатата година Саудиска Арабија дозволи ограничен број верници да дојдат да се поклонат на најсветото муслиманско светилиште. Оваа година, аџилакот треба да се одржи кон крајот на јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот