„Аџибадем Систина“ не е ковид-болница

Согласно новата уредба на Владата, како и почитувајќи ги сите морално-етички и медицински принципи, ве известуваме дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не овозможува третман на пациенти позитивни на Ковид-19, освен пациенти кај кои за време на приемот и подготовката за интервенција е добиен позитивен тест за коронавирус, а истите се во животнозагрозувачка состојба и е потребен итен третман.

-Болницата уште од самиот почеток има протокол во кој сите хоспитализирани пациенти се тестираат за коронавирусот со PCR брз тест, и со тоа сме единствени во нашата држава. За време на интервенцијата се почитуваат сите безбедносни протоколи за заштита на персоналот, а потоа пациентите се префрлаат во целосно изолиран и посебно опремен дел за нивен третман, кој се наоѓа во посебно издвоен дел во болницата- наведуваат оттаму.

Со тоа, болницата на највисоко ниво ги заштитува другите пациенти и персоналот од пренос на вирусот. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не прави прием на позитивни пациенти кај кои е потребен третман на болеста Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот