„Аџибадем Систина“: „Ибис“ хотелите се подготвени веднаш да прифатат лица во изолација

„Аџибадем Систина“ соопштија дека двата хотели „Ибис Скопје“ – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“ е подготвени веднаш да прифатат лица на кои им е потребна изолација.

„Уште еднаш ја известуваме јавноста дека двата хотели „Ибис Скопје“ – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“, кои „Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ ги ставија на располагање по потреба на државата и на Министерството за здравство се комплетно опремени и подготвени ВЕДНАШ да прифатат лица на кои им е определена изолација.

На располагање се ставаат вкупно 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и 3 соби за луѓе со посебни потреби. Хотелите располагаат и со 6 фамилијарни соби.

Сите соби се опремени соодветно на потребите и барањата за згрижување граѓани за кои е утврдено дека треба да се во изолација, од аспект на медицинска опрема и средства за дезинфекција.

За лицата ќе биде обезбедена храна и стручен медицински персонал. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик.

Доколку има лица кои ќе покажат симптоми на коронавирусот (Ковид-19), истите ќе се дислоцираат на посебен безбеден начин до локации кои Министерство за здравство ќе ги определи за третман на заболените.“, соопштија од „Аџибадем Систина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот