Адетокумпо во Лос Анџелес Лејкерс – Слободен печат
КошаркаСпорт

Адетокумпо во Лос Анџелес Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс продолжија со летната селекција и во текот на викендот, откако го ангажираа Костас Адетокумпо во неделата.

Тој беше ослободен пред неколку дена од Далас Маверикс и потпиша со Лејкерси како слободен агент.

Костас, кој е четвртиот од вкупно петте браќа, стана дел од НБА пред една година, но во својата деби сезона во Лигата учествуваше само во два натпревари.

Четири браќа се вклучени во кошарката, Танасис (27) и 24-годишниот Јанис, се дел од Милвоки Бакс, а Костас веќе е во Лос Анџелес Лејкерс.

17-годишниот Александрос се очекува да стане дел од лигата за две години. Само најстариот брат, Френсис, не се занимава со кошарка. Тој е професионален фудбалер.

Потсетување дека „езерцата“ за еден ден успеаја да потпишат со дури шест кошаркари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close