Адетокумпо  незапирлив, Торонто без шанси (ВИДЕО)

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Милвоки со тиумфот од 125:103 максимално ја искористи предноста на домашниот терен и поведе со 2:0 во серијата против Торонто. Милвоки продолжува со одличните игри во плеј офот, во 11 натпревари досега ја остварија дури 10. победа (Бруклин 4:0, Бостон 4:1).

Уште од самиот почеток, кошаркарите на Милвоки ја контролираа играта и без никакви проблеми дојдоа до вториот домашен триумф. Како по обичај прво име кај Милвоки, беше Јанис Адетокумпо со 30 поени и дури 17 скокови, а одлична партија прикажаа и Ерсан Илјасова со 17 и Никола Миротиќ со 15 постигнати поени.

Торонто повторно имаше проблеми со шутот но и само само еден расположен играч, не можеа да му пружат поголем отпор на Милвоки. Каваи Ленард постигна 31 поен, додека Кајл Лаури уфрли 15 поени.

Милвоки никогаш не бил елиминиран во плеј офот откако по првите два натпревари имал водство од 2:0 во победи, додека пак Торонто во седумте обиди никогаш не направил пресврт откако ги загубил првите два дуели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот