Адетокумбо ја доби казната поради ударот со глава! (ВИДЕО)

фото: твитер

Првите луѓе на НБА лигата одлучија да го суспендираат Јанис Адетокумбо поради неспортски потег на натпреварот помеѓу неговиот Милвоки и Вашингтон.

Актуелниот МВП на лигата со глава го удри играчот на Визардси, Мориц Вагнер и поради тоа доби казна од еден натпревар.

Грчкиот интернационалец ќе го пропушти стартот на плеј-офот, а потсетување дека Бакси во првото коло ќе ги одмерат силите против Орландо Меџик.

Ужасен потег. Да можев да го вратам времето, не би го направил тоа. Но, на крајот на краиштата, сите сме луѓе, сите правиме грешки – се зборовите на Адетокумбо чие исклучување е негово четврто во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот