Адеми: Во училиштата каде има мал број на ученици, наставата може да се одвива со физичко присуство

Арбер Адеми/ Фото: МИА

Министерот за здравство, Арбер Адеми за емисијата „10 минути“ на ТВ 21 изјави дека во училиштата каде има мал број на ученици, наставата може да се одвива со физичко присуство, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

-Овој предлог треба да добие зелено светло од Владата. Било каква одлука да се донесе, потребно е да се направат законски измени, затоа потребно е и да имаме функционално собрание. Што се однесува до градинките, од Комисијата за заразни болести велат дека ќе се дискутира следната недела, смета Адеми.

Според него, се истакнува наставата да се одвива од дистанца, онлајн, со два исклучоци.

-Првиот исклучок е од прво до трето одделение ќе биде потребно физичкото присуство во наставниот процес. Вториот исклучок, важно е да се истакне, во тие училишта каде има мал број на ученици и каде можат да се почитуваат протоколите за физичка дистанца и може да се организира наставниот процес, со што да не се загрозува здравјето, таму ќе се организира наставниот процес со физичка дистанца, рече Адеми.

Комисијата бара учениците до трето одделение да одат на училиште, подготвени се и протоколите за работа на градинките

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот