Адеми: Владата доделува три типа на парична поддршка за студенти, средношколци и млади до 29 години

Владата воведува нова крупна мерка од економски аспект за непречено одвивање на процесот на образование и во оваа вонредна состојба. Верувам дека мерката ќе биде добро прифатена од младите, бидејќи ќе им помогне во состојбата во која се наоѓаат за полесно прилагодување на новата реалност, преку одржување на ученичкиот и студентскиот стандард, информираше на денешната прес-конференција министерот за образование Арбер Адеми.

– Во рамките на третиот пакет економски мерки, Владата на Македонија предвиде доделување на три типа на парична поддршка, односно ваучери за средношколци, студенти и млади до 29 години, кои ќе имаат во фокус за обезбедување на се што им е потребно за развој на нивните вештини и способности – најави Адеми.

Првиот ваучер до 6.000 денари ќе се доделува на студенти и средношколци од семејства со ниски примања, а сумата ќе се користи за плаќање на партиципација во факултетите, студентски домови и интернатите. Вториот тип на ваучер е домашна платежна картичка од 3.000 денари, а е наменета за студенти за купување на производи за дома од услужни дејности кои се најпогодени во оваа криза. Третиот тип на ваучери од 30.000 денари се однесува за кофинансирање на обуки и курсови за стекнување на IT вештини – објасни Адеми.

– Влогот за овие три мерки наменети на Владата е 12 милиони евра, а ќе бидат опфатени 100.000 млади луѓе од земјава, заврши Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот