Адеми: Управниот суд не вели дека Таравари постапил законски

„Незаконските дејствија и незаконските разрешувања на директорите на училиштата од страна на градоначалникот на Општина Гостивар утврдени од страна на Просветниот инспекторат и Второстепената комисија не можат да бидат покриени. Пресудата на Управниот суд во ниту еден момент не вели дека градоначалникот на Гостивар постапил законски“, реагира министерот за образование Арбер Адеми на денешната пресуда од Управниот суд за тужбата која ја поднесе Општина Гостивар пoради ингеренциите во образованието кои им ги одзема Министерството за образование и наука.

„Судот ја уважил тужбата со образложение дека недостасувале дел од списите, односно сите списи не биле доставени, а некои биле нечитливи за судот (иако сите списи биле уредно доставени), па затоа не можел да ја утврди основата на решението за одземање на надлежностите.

Врз основа на оваа пресуда, МОН може повторно да донесе исто решение или да поднесе жалба до Вишиот управен суд. Ние се решивме за втората опција и во понеделник е поднесено жалба со сите списи на предметот, а секако правдата треба да дојде на свое место.

На г-дин Таравари и сите други им е тешко да се обидат да го политизираат и партизираат образованието и да именуваат директори дури и без факултет, како што именуваше пред да му се одземат надлежностите, заради новиот Закон за основно образование и поради постојаните напори да се даде приоритет на професионализмот“, додава Адеми во реакцијата.

По одлуката градоначалникот Арбен Таравари побара оставка од министерот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот