Адеми согласен дека во учебникот по Социологија има пропусти и грешки

Арбер Адеми/ Фото: МИА

Ќе се разгледаат сите опции дали да се повлече или да се коригира учебникот по Социологија за втора година и ќе се избере најдоброто решение, изјави денеска министерот за образование и наука Арбр Адеми.

– Се согласувам дека во содржината на тој учебник има пропусти и грешки, но веќе сме во контакт со Бирото за развој на образованието и со Педагошката служба да се следи постапката и да се отстранат тие недостатоци- изјави Адеми, одговарајќи на новинарски прашања по денешното потпишување на спогодбите за зголемување на платите во образованието и науката.

Тој посочи дека по донесувањето на Законот за учебници во основното и во средното образование во 2018 година, направена е анкета меѓу наставниците за тоа дали имаат забелешки или сугестии за учебниците, но оти конкретно за овој учебник не се добиени никакви сугестии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот