Адеми: Шведска е наш докажан пријател и ги поддржува нашите аспирации за членство во ЕУ

Арбер Адеми/ Фото: МИА

Шведска е наш докажан пријател, која ги поддржува нашите аспирации за членство во Европската Унија, истакна претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми, во обраќање во рамки на дводневната посета на нашето Собрание од делегација на шведскиот Риксдаг, предводена од Лота Јонсон Форнарве, втор потпретседател на Шведскиот парламент.

Како што информира Комисијата за европски прашања, Адеми истакна дека нашата цел е Комисијата и Собранието на Република Северна Македонија да бидат подготвени за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, при што изрази надеж дека за време на актуелното француско претседателство со ЕУ ќе се одржи и Првата меѓувладина конференција и дека ќе почнеме со преговори по Првиот кластер, кој се однесува на владеењето на правото.

-Адеми посочи дека земјата заслужува да ги започне преговорите по поглавјата, што поскоро, и дека очекува шведската поддршка да продолжи и за време на претседавањето со Советот на ЕУ на Шведска, која како дел од триото со Франција и Чешката Република, ќе почне да претседава во јануари следната година. Адеми посебно се заблагодари во име на Комисијата за европски прашања, за поддршката за зајакнување на админстративни и технички капацитети на Комисијата преку заедничкиот проект на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) „Компонентата за зајакнување на капацитетот на Парламентарната комисија за европски прашања”, на Шведската агенција за соработка и развој – СИДА, и на Владата на Норвешка, информира Комисијата за европски прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот