Адеми: Продолжуваат преговорите со СОНК

Фото: Слободен печат

Министерот за образование и наука Арбер Адеми изјави дека денеска ќе ги продолжат преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

– Со СОНК денеска ќе имаме заедничка средба, преговорите продолжуваат на најдобар, на најконструктивен начин, задоволен сум од досегашната соработка. Видно покачување на платите сме кажале дека ќе има, но од кога и колкав ќе биде процентот тоа зависи од можностите и од разгледување на сите податоци и параметри што ги имаме, рече Адеми при денешната посета на Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади.

Тој посочи дека се на иста страна со СОНК со цел да се подобри општествениот и материјалниот статус на сите врботени во образованието. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот